Search

Арсовски: Поднесовме кривична против 10 лица за полнење на кутии

Арсовски: Поднесовме кривична против 10 лица за полнење на кутии

Вчера поднесовме кривична пријава против 10 лица за нерегуларности, односно полнење кутии на избирачко место 0816 во Зајас, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски на прес-конференција.

Во Зајас, како што рече Арсовски, според извештајот на ДИК во периодот од 15 до 17 часот во првиот круг вкупно гласале 297 лица, односно три пати повеќе од бројот на лица кои гласале до 15 часот.

„Ова е доказ дека се полнети кутии на ова избирачко место и тоа на секои 24 секунди по 1 гласачко ливче ставано во гласачка кутија. Дополнително по завршувањето на гласањето е утврдено дека во посебниот извод од избирачкиот список за избирачко место се потпишани 412 лица, односно 4 помалку отколку што имало ливчиња во гласачката кутија. За сторено кривично дело од чл. 159 ст. 2 и чл. 161 од Кривичен Законик, Јавното обвинителство молчи или можеби Заев обвинителите ги пуштил да одмараат по дома додека трае кампањата за да може да прави што сака“, истакна портпаролот.

Тој порача дека одговорност треба да сносат сите, и оние што го извршиле и овозможиле ова, но најважно, оние кои што го наредиле да се реализира ова.

„Ова е начин кој му е веќе проверен на Зоран Заев уште од референдумот. Но и тогаш и сега и со полнење кутии не може да ја изигра волјата на граѓаните никој. Да потсетиме дека ВМРО-ДПМНЕ до Основното Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција уште пред половина година поднесе кривичната пријава за повеќе од 200 лица, претседатели, членови и нивни заменици на избирачки одбори во Струга, Центар Жупа, Кичево, Желино, Боговиње и Сарај за основано сомнение дека референдум над 50.000 гласови биле злоупотребени, но и заради грубо полнење на кутии како и сега. Тогаш верувале или не се гласаше на секои 4 секунди во одредени избирачки места. И тогаш и сега, Јавното обвинителство не презема ништо“, додаде Арсовски.

Треба да знаете
Последни објави