Search

Арсенал поуспешен во пенал-рулетот од Ливерпул

Фудбалерите на Арсенал го елиминираа Ливерпул на Енфилд од Лига Купот со подобро изведување на пенали и се пласираа во четвртфиналето од ова натпреаврување. Тренерите Јирген Клоп на Ливрпул и Микел Артета на Арсенал на оваа пресметка настапија со комбинирани состави.  Натпреварот во регуларниот дел заврши без голови, по што веднаш се премина на изведување на пенали.

Играчите на Арсенал погодија пет од шест удари од белата точка, промаши само Мохамед Елнени, додека „црвените“ не реализираа два пати и тоа Дивок Ориги во четвртата серија и Хари Вилсон во шестата серија. Одлучувачкиот пенал за Арсенал го реализира Џозеф Вилок.

Резултати:
Брентфорд – Фулам 3:0
Астон Вила – Стоук 0:1
Ливепрул – Арсенал 0:0 (4:5) пен.

Треба да знаете
Последни објави