Search

Арсенал нуди 20 милиони евра за Барди, Леванте бара 25

По веста дека англискиот фудбалски премиерлигаш Арсенал е заинтересиран за услугите на макеоднскиот репрезентативец Енис Барди, во јавноста излезе и понудата на на тимот од Лондон со 20 милиони евра за да го доведе во своите редови. Ова го обелоденија шпанските медиуми каде Барди настапува за Леванте.

Членоит на шпанската Примера, Леванте за својот играч Барди да го ослаободи об договрните обврски бара 25 милиони евра. Барди има откупна клаузула од 50 милиони евра, сума која сигурно нема да биде достигната при негова продажба, но заработката на Леванте секако дека ќе биде голема.

Леванте го купи Барди од унгарскиот Ујпеш за само 1,5 милиони евра.

Арсенал не е единствениот заинтересиран клуб за Барди. Се споменуваат и италјанскиот калчолигаш Фиорентина, како и германските Ајнтрахт и Штутгарт.

Треба да знаете
Последни објави