Search

Аргентина им очита лекција на Србите

Кошаркарите на Аргентина го победија главниот фаворит за титулата светски шампион, репрезентацијата на Србија со 97:87 во четвртфиналето на Мундијалот во Кина.

Гаучосите им очитаа лекција на Србите кои не наликуваа на тимот од првиот дел на турнирот, па поразот од Шпанија очигледно оставил преголеми последици за нив.

Аргентина ги доби првата, втората и четвртата четвртина 23:25, 26:29, и 20:29, а Србите само третата со 18:14 што не беше доволно. Србите успеаја да дојдат во водство во 31 минута за 70:68, по што Аргентинците возвратија и до крај не го испуштаа водството.

Факундо Кампацо беше лидер кај Аргентина со 18 поени, 12 асистенции и шест скока, а ветеранот Скола додаде 20 поена со пет скока. Кај поразените најефикасен беше Богдановиќ со 21 кош, четири скока и две асистенции, а Јокиќ постигна 16 коша, со десет скока и пет асистенции.

Дват тима шутираа со приближно иста успешност-Аргентина 63, Србија 62 отсто, но Србите имаа повеќе скокови-32 од кои 18 офанзивни, за разлика од 26 на Аргентина, од кои осум во нападот. Јужноамериканците, пак, беа подобри со 22 асистенции наспроти 17 на Србија.

Треба да знаете
Последни објави