Search

Арапската лига ја осуди промената на ставот на САД за еврејските населби

Министрите за надворешни работи на Арапската лига денеска ја осудија најавата на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп дека еврејските населби повеќе не се сметаат за кршење на меѓународното право.

На вонредниот состанок една недела по објавата на САД, генералниот секретар на Арапската лига, Ахмед Абул Гајт ја нарече одлуката „неправедна и неприфатлива”.

Тој верува дека САД ја изгубиле улогата како неутрален арбитер меѓу Израел и Палестинците.

Промената во американската политика предизвика меѓународна осуда и беше последна во низата потези на Белата куќа заедно со десничарската израелска влада против Палестинците за клучните прашања на конфликтот што трае со децении.

Треба да знаете
Последни објави