Search

Арамии краделе во Германија, водачот е Македонец 

 Во Дортмунд во стоковна куќа била уапсена група од крадци, а еден од нив, Македонец, имал 19 лажни идентитети, пренесуваат балкански медиуми.

 Крадците украле куфер и облека во вредност од 1.000 евра и тргнале кон излезот. Вработен во  стоковна куќа веднаш ја известил полицијата, која на излезот ги уапсила петтемина мажи на возраст од 21 до 53 години.

Најстариот во групата – Македонецот, користел дури 19 различни идентитети, од кои само еден му е вистинскиот. Кај себе имал и возачка дозвола издадена во Швајцарија, како и фалсификувана швајцарска лична карта. По апсењето, бил однесен во затвор во Падерборн, Северна Рајна Вествалија, од каде што ќе бил депортиран во Македонија, а неговите соучесници се пуштени од притвор.

Треба да знаете
Последни објави