Search

АП: Осум годишни деца учат да убиваат Руси

АП: Осум годишни деца учат да убиваат Руси

Децата, од кои некој имаат само осум години, учат да убиваат Руси и нивни приврзаници во еден камп што го основа украинската радикална националистичка група, пишува АП.

Во кампот кој е сместен во шума во западниот дел на Украина, а кој беше посетен од новинарите од Асошиејтед прес, децата се обучуваат со автоматски пушки.

Целите на кампот се обука на децата за одбрана на земјата и ширењето на националистичката идеологија.

Националистите беа обвинети за насилство и расизам, но и натаму се уште се столб на волонтерските одреди во борбата против проруските бунтовници во источниот дел на земјата и одржуваат врски со владата во Киев, додава агенцијата.

Претходно оваа година, украинското Министерство за млади и спорт одвои четири милиони гривни (околу 150 000 американски долари) за финансирање на некои од националистичките младински кампови.

Треба да знаете
Последни објави