Search

Апостолски: Недозволиво е што Мијалков не беше известен за притворот

Апостолски: Недозволиво е што Мијалков не беше известен за притворот

Недозволиво е судија на претходна постапка или кривичен совет да не ја извести странката во случајов Сашо Мијалков дека за него се бара мерка притвор, изјави за „Макфакс“, адвокатот на Мијалков, Антонио Апостолски.

„Можеби тој ќе понуди патна исправа или гаранција. Странката мора да се произнесе во секој случај. Мијалков не беше известен дека за него се бара притвор. Мислам дека судот ги пречекорува своите овластувања“, вели Апостолски.

Адвокатот додаде дека ќе приложи жалба на одлуката за притвор.

Претходно денеска, на поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков му е определен 30-дневен притвор. Вечерва тој беше спроведен во истражниот затвор во Шуто Оризари.

Треба да знаете
Последни објави