Search

Апасиев: Она што ни преостанува е пружањето пасивен отпор

Професорот Димитар Апасиев и член на президиумот на Левица преку својот профил на Фејсбук ги повика македонските граѓани на пасивен отпор против власта отакако во Службен Весник беа објавени законите за двојазичност и за уставните измени.

– Македонскиот народ, во овој историски миг, предводен од корумпирани политичари, покажа дека не е дораснат за пружање активен отпор!
Она што ни преостанува е пружањето ПАСИВЕН ОТПОР. Но, да не се се залажуваме дека тој е благ и неефикасен против тираните на власт. Ганди ја сруши најсилната светска империја благодарение токму на таквиот Отпор, вели Апасиев.

https://www.facebook.com/defensor.plebei/posts/2075892662476061

Треба да знаете
Последни објави