Search

Анѓушев и Димковски го пролонгираат проблемот со вирусот на африканска чума

Анѓушев и Димковски во стилот на СДСМ, не нудат решенија, туку го пролонгираат проблемот. Половичните решенија кои ги нуди власта се опасност од разгорување на проблемот и огромни штети за Република Македонија, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Вирусот на африканска чума е многу отпорен и високо патоген. Пристапот при неговото третирање треба да биде сериозен и систематски.

ВМРО-ДПМНЕ свесни за слабиот капацитет на власта, а во насока на доброто на Република Македонија, ги предлага следните мерки:

  • Отстрел на диви свињи согласно годишните планови за отстрел на дива свиња за секое ловиште, а секоја отстрелана дива свиња над планираното, да биде покриена од страна на државата по претходно утврдена пазарна вредност.
  • Строга контрола на граничните премини при внес на животински продукти во багажникот на патниците, но и засилена контрола на целата гранична линија на Република Македонија со Република Србија и Република Бугарија.
  • Постојан мониторинг за присуство на вирусот во легалниот промет на репроматеријали, како и земање мостри од добиточната храна во промет.
  • Формирање на санитарни прстени околу поголемите свињарски фарми во земјата.
  • Времен прекин на промет со свињи на сточните пазари.

Ова се само дел од мерките кои треба да бидат преземени. Да превенираме, за подоцна како држава да не се соочиме со штети од несогледливи последици.

Доколку власта е нестручна тука сме да помогнеме.

 

Треба да знаете
Последни објави