Докторка експерт за храна, но и психологија, неодамна напиша статија за тоа колкава моќ има храната во лекувањето на анксиозноста.
Таа објасни дека иако здравата диета со голема количина на вода и ниско ниво на кофеин е клучна, постојат одредени намирници кои можете да ги консумирате доколку сте заинтересирани на тој начин да ја излекувате анксиозноста (преку храна).
Еве што таа препорачува:
– се што е природно богато со магнезиум како спанаќ, блитва, грав, интегрални житарки и ореви.
– се што е природно богато со цинк како што се школките, индиските ореви, џигерот, говедското месо и жолчката.
– лососот кој е богат со омега 3 масни киселини
– храна богата со пробиотици (кисели краставички, кисела зелка, кефир)
– шпаргли
– се што е богато со витамин Б (авокадо, бадеми…).
Докажано е дека овие намирници кога редовно се консумираат ги намалуваат симптомите на анксиозност.
Нормално, оваа состојба не може да се лекува само преку исхраната и при сериозни облици на анксиозност неопходни се соодветни третмани и помош од професионалец.