Search

Анкетната комисија на француското Национално Собранието го осуди „лошото управување со кризата” со Ковид-19

Истражната парламентарна комисија на Националното собрание го осуди „лошото управување со кризата” со Ковид-19 од страна на владата, изјави претседател на групата Републиканци, Дамиан Абад, по шестмесечни сослушувања, јави дописникот на МИА.

Комисијата беше создадена на 16 јуни, со цел да направи преглед на управувањето со кризата со Ковид-19 во Франција.

-Франција беше „слабо вооружена” пред пандемијата што избувна на почетокот на годината, изјави  Дамиан Абад пред новинарите, веднаш по усвојувањето на извештајот, во кој се нагласени низа пропусти на јавните власти пред и во текот на санитарната криза.

Пратениците на ЛРЕМ од владеачкото мнозинство беа воздржани на гласањето за извештајот, што треба да се објави за пет дена.

-Не можевме да гласаме за делумен и парцијален извештај и очигледно жалиме што апсолутно не го одразува квалитетот на сослушувањата и дебатите што ги спроведовме, објасни пратеникот од редовите на ЛРЕМ, Жулиан Боровчик, претседател на Комисијата чиј известувач е Ерик Сиоти (Републикаци).

-Ние сакаме сите да имаат пристап до извештајот и документите, во најголема транспарентност: ова е причината за нашата воздржаност за време на гласањето, продолжи тој, жалејќи што и покрај 130-часовните сослушувања и повеќе од 50 рочишта – во совршен договор со известувачот и во целосна транспарентност – с3 не беше пренесено.

Меѓу  заклучоците од работата на Комисијата, Франција со својот „план за пандемија на грип” изготвен во 2004 година, се чинеше вооружена да се справи со појавата на нов вирус. На хартија се присутни мерките на бариера, употреба на маски, распоредување тестови, пронаоѓање контакти, употреба на стратешки залихи итн. Но, во реалноста, ништо не е подготвено.

Потоа полемиката со маските и нивниот недоволен број на почетокот на епидемијата, потоа „големата” политичка рамнодушност во раководењето со стратешките резерви. Односно потценувањето на зависноста на Франција од меѓународниот пазар и не антиципираше недостиг во снабдувањето.

Одлуките се носеа секогаш во последен момент од страна на владата, односно властите и покрај предупредувањата првите одлуки ги носат на 6 март за така наречениот „бел план” за болниците, а дури 16 март кога е најавен првиот општи карантин.

Вториот бран според комисијата, исто така, беше лошо антиципиран и било изгубено многу време во септември, кога повеќе показатели за враќањето на епидемијата беа во црвено.

Комисијата дава триесетина препораки за да се избегне слична ситуација во иднина.

Треба да знаете
Последни објави