Search

Анкета Србија: На медиумите не им веруваат 39 отсто граѓани

Истражувања за медиумските навики и потребите на публиката во Србија покажаа дека 39 отсто од граѓаните не им веруваат на медиумите, додека само 23 отсто веруваат во јавните медиуми – делумно или во целост, објави дневниот весник Данас.

Истражувањето презентирано на конференцијата за медиуми на УСАИД покажа дека една третина од граѓаните не обрнуваат внимание на медиумските извори, иако испитаниците нагласуваат дека во медиумите препознаваат дека има многу лажни вести и дезинформации.

Директорот на програмата ЦЕСИД, Бојан Клачар, организација која ја спроведе анкетата врз 1.500 испитаници, рече дека недовербата во медиумите е почеста кај пообразовани и урбани луѓе на возраст од 20 до 40 години кои живеат во поголеми и подобро развиени области.

-Како медиумски проблем, граѓаните ги препознаваат најмногу лажните вести, како што смета секој четврти испитаник, додека влијанието на политичките партии е на второ место со 16 отсто, рече Клачар, додавајќи дека недостатокот на професионални новинари како проблем, го сметаат 15 отсто од граѓаните.

Тој рече дека како проблем десет проценти од граѓаните ја гледаат таблоидизацијата и вулгаризацијата, цензурата – девет проценти, додека содржината со слаб квалитет – осум проценти и додаде дека 24 проценти од граѓаните го избираат медиумот во кој веруваат.

Околу 26 отсто од анкетираните сметаат дека кратката видео содржина е меѓу најпопуларните медиумски формати во Србија, следуваат фактографски текстови со 19 проценти, додека подолги аналитички текстови сакаат седум проценти.

Истражувањето покажа дека една третина од граѓаните не знаат како да пристапат до содржина на интернет, додека корисниците на второ место се оние кои пристапуваат до вести преку пребарувачи, а потоа и оние кои одат директно на медиумските портали.
Резултатите покажаа дека 11 отсто од граѓаните се подготвени да платат медиумска содржина во рпсек за сума од 745 динари.

Треба да знаете
Последни објави