Search

Анкета на Универзитетскиот студентски сојуз за on-line наставата на УКЛО-Битола

 Универзитетскиот студенстки сојуз (УСС) при Универзитетот „Св.Климент Охридски”-Битола (УКЛО) реализира анонимна анкета меѓу студентите, а со цел да обезбеди податоци за организацијата и реализацијата на on-line наставата или учење од далечина на тој Универзитет.

Во е-анкетата се вклучиле близу 1.000 студенти кои понудиле предлози за подобрување на едукативниот процес на Универзитетот. Заклучоците од анкетата во кои се детектирани потенцијалните пречки и проблеми со кои може да се соочат студентите, УСС ги достави до Ректоратот на УКЛО и тие ќе се споделат со наставниот кадар.

-Реактивноста на студентите, нивната отвореност и непосреден активизам наидоа на позитивен прием кај ректорскиот колегиум кој дел од предлозите и сугестиите ќе ги преточи во препораки до високообразовните институции во составот на УКЛО.  Оваа соработка претставува поддршка за Универзитетот во неговите напори да обезбеди непречено одвивање на високообразовниот процес во видоизменети  услови на функционирање, информираат од Универзитетот „Св.Климент Охридски”-Битола.

Треба да знаете
Последни објави