Search

Англија воведува забрана за собирање на повеќе од шест лица

Од понеделник во Англија ќе бидат забранети собири на повеќе од шест лица поради наглото зголемување на бројот на заразени со коронавирусот.

Според британската Влада, со измената и дополнувањето на законот ќе се забранат поголеми групни собири во затворени простории и на отворено.

Сепак, забраната нема да се применува во училиштата, работните места, за свадби, погреби и организирани тимски спортови, кои се сметаат безбедни од коронавирусот, пренесува Би-Би-Си.

Британската Влада соопшти дека се потребни нови ограничувања откако бројот на заразени лица во неделата достигна речиси 3.000 на дневно ниво.

Министерот за здравство Мет Хенкок денеска изјави дека новите ограничувања на собирите ќе останат во сила „во догледна иднина”.

Тој изрази надеж дека новите правила, заедно со акциите на локално ниво што се преземаат во бројни градови и региони, ќе ја свртат ситуацијата пред Божиќ.

Лицата кои ќе ги прекршат правилата се соочуваат со казна од 130 долари за првиот прекршок, и може да бидат казнети со парична казна и до повеќе од 4.000 американски долари.

Шкотска, Велс и Северна Ирска досега не воведоа никакви ограничувања.

Во Велика Британија со коронавирусот до сега биле заразени вкупно 352.560 лица, од кои 41.586 починале.

Треба да знаете
Последни објави