Search

Ангеловска – Јан Коп: Ќе продолжи размената на искуства со Холандија за реформи во јавните финансии

Преку пренесување на добрите холандски практики и искуства ќе се реформира системот на јавни финансии во земјава. Меѓу министерствата за финансии на Република Северна Македонија и Холандија ќе се потпише нов Меморандум за соработка со кој ќе се соработува во насока на реформите во јавната внатрешна финансиска контрола, даночната политика, буџетот, јавниот долг. Со ова се продолжуваат размената на искуства за реформите со Холандија.
Ова, како што соопшти Министерството за финансии, било тема на работната средба меѓу министерката за финансии Нина Ангеловска и амбасадорот на Холандија Дирк Јан Коп.
На средбата станало збор и за размена на искуства за јавни приватни партнерства.
Министерката за финансии истакна дека приоритет на Владата е да инвестира во човечкиот капитал, односно во образованието, здравството и социјалата.
Од страната на амбсадорот Коп е посочено дека преку владеење на правото и обезбедување еднакви можности за сите, ќе се донесат дополнителни инвестици во земјава.
Холандија е еден од најголемите билатерални донатори од земјите-членки на ЕУ, традиционален партнер и принципиелен поддржувач на македонските заложби за членство во ЕУ и НАТО, како и еден од најголемите инвеститори и важен трговски партнер на земјата. Во последните 25 години Холандија има инвестирано преку 250 милиони евра како поддршка за македонските институции, приватниот сектор, граѓанското општество, медиумите, културата и образованието.
Треба да знаете
Последни објави