Search

Анализа: Скопје за прв пат добива на 20 дена нова улица  

Анализа: Скопје за прв пат добива на 20 дена нова улица

Паркови, енергетско ефикасни фасади, водоводни и канализациски мрежи, спортски сали, зелен кров, летен фестивал, скопско лето, прифатилиште за бездомници но најголемо внимание одзема голем број на улици почнати и завршени во многу кус рок од само 20 дена ова е еден мал дел анализиран од страна на 24 инфо за летните активности на скопскиот татко Петре Шилегов.

Во продолжение ги издвоивме проектите дел почнати завршени дел почнати но сеуште траат на градот Скопје.

1.НОВА МОДЕРНА И ЕНЕРГЕТСКО ЕФИКАСНА ФАСАДА И ЗА СУГС „ЦВЕТАН ДИМОВ“

СУГС „Цветан Димов“ е уште едно училиште кое ќе добие нова енергетско ефикасна фасада, со што Град Скопје продолжува да инвестира во средното образование. 

– Новата енергетски ефикасна фасада на „Цветан Димов“ ќе има специфичен визуелен и естетски стил, односно ќе биде стаклена со алуминиумски композитни панели во боја. Оваа реконструкција ќе заштеди енергија и полесно ќе се одржува температурата во зимскиот и во летниот период во училиштето. Учениците и професорите ќе имаат поквалитетни и подостоинствени услови за настава – рече Шилегов.

2. АСУЦ „БОРО ПЕТРУШЕВСКИ“ КОНЕЧНО ИМА СПОРТСКА САЛА

АСУЦ „Боро Петрушевски“ е побогат за нова современа спортска сала која конечно, после 14 години од почетокот на нејзината градба, е завршена и ставена во употреба на задоволство на учениците и наставниот кадар од ова средно училиште. АСУЦ беше едно од ретките средни училишта кои досега немаа сопствена спортска сала, а сега има со вкупна површина од 1423 квадратни метри -рече Шилегов.

3.ВО РЕКОРДНО ВРЕМЕ ЗАВРШИ РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА УЛИЦАТА ДИМИТРИЈА ЧУПОВСКИ ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ

За помалку од 2 недели заврши реконструкцијата на улицата Димитрија Чуповски, на потегот од крстосницата кај „Палома бјанка“ до крстосницата со булеварот Свети Климент Охридски.

Реконструкцијата на улицата ја најави градоначалникот Шилегов на ден 27.05.2019 година а заврши на 08.06.2019 година.

На улицата Димитрија Чуповски се изврши комплетно отстранување на постојниот коловоз и се постави нов асфалт во три слоја. Реконструкцијата се изврши на потег во должина од 240 метри, на површина од 3.750 квадратни метри.

Во наредната фаза предвидена е и комплетна реконструкција на велосипедските и на пешачките патики на овој потег, од двете страни на улицата.

4.СКОПЈЕ ИМА НОВ ПАРК – „ИБНИ ПАЈКО” ВО ЦЕНТАРОТ НА ГРАДОТ

Скопје е побогат за уште еден прекрасен градски парк, на левата страна на Вардар во срцето на некогашното Пајко Маало, веднаш зад Националната филхармонија. Новиот „Ибни Пајко“ со својата површина од околу 11.000 квадратни метри го замени оној неуреден, нелегален паркинг во кал и во прашина, каков што беше до пред само една година.

Градот е особено горд на фактот што за подигнувањето на паркот се потрошени точно 0 денари преку посебни јавни набавки. Зеленилото, патеките и урбаната опрема што ги гледате тука се одвоени од редовните програми на Градот и јавните градски претпријатија, а мал дел од нив се донација од општествено одговорни компании – соопшти Шилегов.

5.ГРАД СКОПЈЕ ЈА ПОЧНА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА БУЛЕВАРОТ ПАРТИЗАНСКИ ОДРЕДИ

Екипите на Град Скопје ја почнаа реконструкцијата на коловозот на дел од булеварот Партизански одреди која е една од најфреквентните сообраќајници во градот. Градежните работи за обнова на коловозот ќе се изведуваат на потегот од крстосницата со булеварот 8.Септември до мостот „Обединети нации“, на должина од два километра.

– На овој дел од булеварот Партизански одреди целосно ќе се замени асфалтниот слој на површина од околу 47.000 квадратни метри, а на автобуските стојалишта ќе биде изведена комплетно нова коловозна конструкција. Нашата цел е да се намали периодот во кој може да настане застој во сообраќајот. Очекуваме реконструкцијата на овој потег да заврши за околу 30 дена и за неа Град Скопје ќе потроши околу 69 милиони денари – рече градоначалникот Шилегов на почетокот на градежните работи на оваа делница.

6.ПОЧНА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА СТАЦИOНАРОТ ВАРДАРИШТЕ

Во стационарот „Вардариште“ започнаа градежните активности на двата објекти, со демонтажа на веќе постојните метални боксови и елементи. Истите ќе бидат комплетно заменети со нови по современи стандарди во служба на основните потреби и благосостојба на бездомните животни кои ќе бидат дел од новата програма.

Со активностите ќе се ослободи простор за слободен, непречен влез и функционирање на градежната механизација согласно со проектната документација за реконструкција, санација и адаптација.

Досега со стационарот „Вардариште“ стопанисуваше ЈП „Комунална хигиена“, а сега за заловените уличните животни ќе се грижи новоформираното претпријатије „Лајка“.

Ново јавно претпријатие „Лајка“ ќе има целосно нов концепт и пристап кон решавањето на проблемот со уличните животни и нивниот третман и благосостојба.

7.ОБНОВЕНА УЛИЦАТА АНТОН ДИМИТРОВ ВО ДРАЧЕВО

Екипите на Град Скопје ја реконструираа улицата Антон Димитров, во Драчево, која е обновена на должина од 1.200 метри.

На терен беа вградени порамнителен и завршен слој од асфалт со површина од околу 10.000 квадратни метри, а беа уредени и тротоари со бекатон-плочки на површина од околу 6.500 квадрати. На улицата е обележана хоризонталната сообраќајна сигнализација.

Улицата Антон Димитров (поранешната улица Жарко Зрењанин) е прометна сообраќајница која секојдневно ја користат жителите на Драчево и околните населби во општината Кисела Вода. За обновата на оваа делница Градот Скопје одвои околу 19,4 милиони денари.

8.СКОПЈЕ СО PUMPTRACK ПОЛИГОН КАЈ ОЛИМПИСКИОТ БАЗЕН

Вљубениците во велосипедизмот, ролерите и скејтбордите наскоро ќе имаат можност да ги покажат своите вештини на новиот pumptrack полигон што Градот Скопје почна да го гради на површината пред Олимпискиот базен „Центар”. Полигонот претставува сплет на кривини и контури кои овозможуваат забавна, но пред се, безбедна спортска активност.

Предвидениот pumptrack полигон е со вкупна површина од 1.690 квадратни метри и е поделен на два дела – детски полигон со површина од 290 квадратни метри и полигон за возрасни со површина од 1.400 квадрати. Детскиот полигон е специјално прилагоден за деца, за почетници и за лица во инвалидски колички. Тој е одделен од полигонот за возрасни и е составен од помали контури и кривини со што е овозможено безбедно возење. Полигонот за возрасни, пак, има различни елементи – двојни и тројни контури, скокови, брзи кривини и друго, кои овозможуваат поискусните да ги подобрат своите вештини.

9.ЉУБЉАНСКА РЕКОНСТРУИРАНА ЗА 20 ДЕНА

Заврши реконструкцијата на улицата Љубљанска, во општина Карпош, којашто е една од најфреквентните улици во овој дел на градот.

По реконструкцијата на коловозот, екипите на ЈП „Улици и патишта“ ќе ги реконструираат и тротоарите по должината на улицата, а исто така, ќе се подигне и ново зеленило во околината правејќи го овој дел од градот многу попријатно место за живеење.

При реконструкцијата на улицата дислоцирана е и такси станицата од пред Сити Мол, со што ќе намали сообраќајниот метеж на овој потег.

10.ПОЧНА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА УЛИЦАТА ЛАЗАР ЛИЧЕНОСКИ

Екипите на Град Скопје ја почнаа првата фаза од реконструкцијата на коловозот на улицата Лазар Личеноски во централното градско подрачје. Увид во градежните работи на оваа делница извршија градоначалникот Петре Шилегов и градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ.

– По рекордно брзата реконструкција на улицата Љубљанска, еве не денеска на една од најоштетените улици во градот, на улицата Лазар Личеноски, каде што почнаа работните активности и нашите очекувања се дека истата ќе биде завршена во наредните 20 дена- рече Шилегов.

Реконструкцијата на коловозот ќе се изведува по должина на улицата, односно ќе се реконструираат вкупно 493 метри.

11.СЕ РЕКОНСТРУИРА УЛИЦАТА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ

Екипите на Град Скопје ја почнаа реконструкцијата на улицата Ѓорче Петров на потегот од општинската зграда до бензинска пумпа на Макпетрол. Увид во градежните работи на оваа делница изврши градоначалникот Петре Шилегов.

– Јa почнуваме реконструкцијата на коловозот на дел од улицата Ѓорче Петров во должина од околу 1. 500 метри. Градежните работи очекуваме целосно да ги завршиме пред крајот на летото, со цел овој сериозно оштетен коловоз да го ставиме во функција на граѓаните пред почетокот на новата учебна година, а тоа значи и да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот. За реализација на оваа реконструкција од буџетот на Градот се издвоени околу 50 милиони денари – изјави Шилегов.

12.НОВА ВОДОВОДНА И КАНАЛИЗАЦИОНА МРЕЖА НА УЛИЦА ВАРШАВСКА

Градот Скопје преку ЈП Водовод и канализација, заедно со Општина Карпош, ја почнаа изградбата на новата водоводна и канализациона мрежа на улицата Варшавска во скопската населба Тафталиџе.

-Градот Скопје интензивно врши градежни зафати, слични на овој се вршат и во општините Центар, Ѓорче Петров и Гази Баба. Овде конкретно има потреба од ваква интервенција заради несоодветното постапување на изминатите градски и општински власти, бидејќи интезивното градење не ја следеше соодветна инфраструкрура, заради тоа влегуваме во вакви зафати за да обезбедиме квалитетна вода и притисок. Изградбата на новата водоводна и канализациона мрежа ќе овозможи приклучување на новоизградените и на дел од постојните објекти на улицата, со што ќе обезбедиме во наредните 30 години да имаме подобро и поквалитетно водоснабдување и канализациона мрежа на овој дел од градот Скопје – изјави Шилегов.

13.ПОЧНА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА УЛИЦАТА ЛАЗАР ТРПОВСКИ

Екипите на Град Скопје денеска ја почнаа првата фаза од реконструкцијата на коловозот на улицата Лазар Трповски во Општина Чаир.

– Градот Скопје продолжува интензивно со реконструкцијата на главните сообраќајници во нашиот град. Пред неколку дена ја започнавме реконструкцијата на оваа улица Лазар Трповски, на потегот од кружниот тек со улица Втора македонска бригада до крстосницата со улицата Петар Ичко. Предвидено е да се заврши во рок од 20 дена, така што очекуваме по реконструкцијата на овој потег граѓаните да добијат безбедни сообраќајници, што е и наша цел. За реконструкцијата на оваа улица Град Скопје ќе потроши околу 2,5 милиони денари со пресметан ДДВ – рече Шилегов.

14.СЕ РЕКОНСТРУИРА УЛИЦАТА ФЕВРУАРСКИ ПОХОД ВО НОВО ЛИСИЧЕ

Градот Скопје ја започна реконструкцијата на коловозот на улицата Февруарски поход во скопската Општина Аеродром. Увид во градежните работи на оваа делница изврши градоначалникот Петре Шилегов.

-Градот Скопје продолжува интензивно со реконструкцијата на главните сообраќајници насекаде низ нашиот град. Денеска ја почнавме реконструкцијата на оваа фреквентна и оштетена улица Февруарски поход во населбата Ново Лисиче. Реконструкцијата на коловозот ќе се изведува во должина од 720 метри, а предвидено е да се заврши, како што стана традиција, за рекордно кратко време, во рок од 20 дена – рече Шилегов.

Тој додаде дека императив на Градот е да се обезбедат безбедни сообраќајници за сите учесници во сообраќајот, без создавање сообраќаен метеж.

-За реконструкцијата на оваа улица Град Скопје ќе потроши околу 7,49 милиони денари- кажа Шилегов.

Градоначалникот Шилегов, повторно ги замоли граѓаните, за разбирање додека траат градежните активности. Исто така, тој упати апел до сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената патна сигнализација и на дневна основа да ги следат информациите за привремен сообраќаен режим што ги објавува Град Скопје.

15.ПОЧНА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА УЛИЦАТА МОСКОВСКА

Екипите на Градот Скопје ја започнаа реконструкцијата на коловозот на улицата Московска во општина Карпош. Увид во градежните работи на оваа делница изврши градоначалникот Петре Шилегов.

-Градот Скопје продолжува интензивно со реконструкцијата на инфраструктурата под надлежност на Градот. Денеска сме на улицата Московска, каде што ја почнавме реконструкцијата на коловозот во должина од 690 метри, предвидено е да не чини околу 8,2 милиони денари и да се заврши во рок од 20 дена – рече Шилегов.

16.СРЕДНОТО ХЕМИСКО УЧИЛИШТЕ ВО СКОПЈЕ ЌЕ ДОБИЕ НОВА МОДЕРНА ФАСАДА

Средното училиште на Град Скопје „Марија Кири Склодовска“ наскоро ќе добие нова енергетски ефикасна фасада со што целосно ќе се промени постојниот изглед на зградата, изградена во 1969 година. На почетокот на градежните работи за реконструкција на фасадата на училиштето присуствуваше градоначалникот Петре Шилегов.

Со оваа реконструкција „Марија Кири Склодовска“ по 50 години добива нов лик, квалитетна и енергетско ефикасна фасада која ќе им овозможи на учениците и на вработените подостоинствени услови за учење и за работа. Се работи за нова структурална стаклена фасада со карактеристики на енергетски ефикасна фасада, специфична по визуелниот и естетски стил. Проектирана е модерно, од стакло и алуминиум, составена од алуминиумски композитни панели во боја, со нови челични профили и алуминиумска подконструкција. Вкупната вредност за изработка на фасадата изнесува  44.840.000 денари со вклучен ДДВ – рече градоначалникот Шилегов.

17.ПОЧНУВА ДА СЕ ПРАВИ ЗЕЛЕН КРОВ НАД ГТЦ

Loading……..

 

Треба да знаете
Последни објави