Search

АМСМ: Поради ниските температури, наместа можна е појава на голомразица

Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози, на некои повисоки места наместа со остатоци од кашест снег на коловозот, a на целата територија на Македонија дува силен северен ветер и поради ниските температури, наместа е можна појава на голомразица, информираат од Авто мото-сојузот на Македонија.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува приспособена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде што се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони. На осојничавите места коловозите се наместа влажни, па поради ниските температури, карактеристични за вечерните и утринските часови, постои можност и од појава на голомразица.

Треба да знаете
Последни објави