Search

„Американ ерлајнс” ги одложи летовите со „боинг 737 макс“ до 19 август

Авиокомпанијата „Американ ерлајнс” вчера објави дека летовите со „боинг 737 макс” ќе бидат одложени до 19 август.

На овој начин, според АП, дневно ќе бидат одложени околу 115 летови на „Американ ерлајнс”, односно 1,5 отсто од летовите за време на летната сезона.

Извршниот директор на компанијата Даг Паркер и претседателот Роберт Изом рекоа дека веруваат дека „боинг 737 макс” ќе добие нов сертификат за безбедност на летот пред 19 август, но дека тие би сакале да имаат максимална сигурност на авионот во врвот на туристичката сезона.

Авионот „боинг 737 макс” беше заземјен низ целиот свет по падот на авионот на „Етиопијан ерлајнс” во кој загинаа 157 патници и членови на екипажот. Само пет месеци претходно, поради слична причина се урна и 737 макс “лајон ера” , при што загинаа сите 189 лица во авионот.

„Американ ерлајнс” поседува 24, и очекува уште 16 авиони „737 макс“ годинава.

Треба да знаете
Последни објави