Search

Американците запленија 4 милиони долари на брод во Порторико

Службениците од граничната контрола во Порторико пронашле 3,7 милиони долари во брод кој го сопреле во неделата.

Официјалните претставници на американската Управа за царина и заштита на границата (CBP) го следеле бродот, бидејќи пловел без осветлување од Порторико до американските Девствени Острови, објави Си-ен-ен.

Откако забележале дека ги следат, мажите што го управувале бродот се вратиле до источниот брег на Порторико и впловиле во пристаништето Фајардо.

Работниците на бродот што ги истовариле торбите побегнале по пристигнувањето на вработените во CBP.

„Остануваме посветени на соработката со други федерални и локални агенции за спроведување на законот со цел откривање и оневозможување на обиди за криумчарење пари на Карибите“, рече Џони Моралес, раководител на воздушната и поморската операција на огранокот на CBP за Карибите.

Во вреќите во кои биле складирани парите, пронајден е и наполнет пиштол и 63 парчиња муниција.

Треба да знаете
Последни објави