Search

Американски тенисер инфициран од коронавирусот избега од Русија, му се заканува тригодишна суспензија!

Американскиот тенисер Сем Квери предизвика скандал во Русија откако се заразил со коронавирусот, а потоа ги прекршил правилата за карантин и избегал од државата. Квери заедно со неговото семејство исчезнал откако го напушти Санкт Петербург, каде што требаше да настапи на турнир.

Меѓутоа, неговиот тест на вирусот бил позитивен, па тој заедно со неговото семејство бил префрлен во хотел каде што требало да остане во двонеделен карантин. Квери се исплашил кога му кажале дека треба да го посети доктор и веднаш пронашол приватен авион, по што заминал во некоја држава каде што најверојатно нема потреба од негативен тест при влез.

АТП е известена за случајот и во моментов води истрага, а Квери би можел да добие голема парична казна, како и тригодишна суспензија.

Треба да знаете
Последни објави