Search

Американка се заканила дека ќе го напушти сопругот ако не гласа за Бајден

Една жена од Тексас вели дека толку ѝ е преку глава од поддршката на нејзиниот сопруг на претседателот Доналд Трамп што ќе го напушти ако тој не гласа за ривалот, демократот Џо Бајден.

„Омажена сум за приврзаник на Трамп. Сериозно велам дека ако тој не не освести и не гласа за Бајден – Харис, јас ќе го напуштам“, напиша жената идентификувана како Беверли М. на „Твитер“.

Беверли М. се идентификува како поддржувач на „Блек лајвс медр“ и вели дека се преселила во Тексас од Средниот Запад во 80-тите години на минатиот век. Таа вели дека се омажила за својот сопруг пред да биде избран Трамп и дека гласала за Хилари Клинтон во 2016 година.

„Поминаа тешки четири години, најблаго речено“, додаде таа.

https://twitter.com/BevanneTX/status/1307397684005867525?s=20

Беверли М. вели дека со толку голем влог на изборите во 2020 година смета оти приврзаниците на Трамп се себични.

„Затоа сум му лута на мојот сопруг. Кога го молам да го стори ова за нашите деца и за нашите идни внуци, а нему не му е важно, тоа е освестувачки“, вели таа.

Нејзините твитови наидоа на главно смешни реакции, како, на пример, коментаторот што твитна: „Ако е во потрага по сопруг, јас би ѝ го препорачал Портланд“, а друг вели: „Карен, ќе биде тешко уште четири години“.

Австралиската новинарка Рита Панахи објави GIF на бесна жена која уништува куќа и во легендата вели: „Тоа е само поттик за гласање за Трамп“.

 

Но, апелот на Беверли М. погоди многу корисници на „Твитер“, кои зборуваа за сопствените брачни и семејни конфликти поради политиката во последните неколку години. Некои рекоа дека избегнуваат семејни дружења од 2016 година, а еден твитерџија напиша дека веќе не може да ги почитува својата мајка и очувот затоа што немаат капацитет за слободно размислување.

Една жена напиша дека минатото лето раскинала со своето момче, кое го поддржува Трамп: „За мене, неподдржувањето на Трамп е морална одлука, а за него тоа е само политичка одлука. Не можев да се преправам дека не ја изгубив почитта кон него“.

Брачните тензии, поради политиката, ескалираа кога Трамп беше избран во 2016 година и веројатно повторно се интензивираат со приближувањето на изборите во ноември.

Студија од 2017 година на „Вејкфилд рисрч“ покажа дека една од 10 двојки го прекинала својот односи поради политички разлики. Една од пет двојки, дури и повеќе се расправала за Трамп отколку за парите.

Треба да знаете
Последни објави