Search

Американец гo полеал со бензин шерифот, горела и полициската зграда

Властите во американсканскиот град Равена, во сојузната држава Охајо, соопштија дека човек го полеал со бензин и го запалил заменикот на шерифот кој се обидел да го уапси.

Канцеларијата на шерифот во округот Портиџ соопшти дека заменикот се здобил со сериозни изгореници во четвртокот вечерта во местото Рутстаун Тауншип, околу 90 километри јужно од Кливленд, пренесе АП.

За обидот за убиство обвинет е 45-годишниот Џеј Бренон, а неговиот адвокат одби да го коментира случајот.

Од канцеларијата на шерифот рекоа дека Бренон исто така запалил лименка и ја фрлил во просториите со полицајци за да избегне апсење, а зградата на полицијата е запалена и оштетена.

Повредениот заменик е хоспирализиран.

Треба да знаете
Последни објави