Search

АМВУ покрена постапка за утврдување на сопствеништвото на 1ТВ

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) на денешната седница отвори постапка против Бојан Јовановски – Боки 13 да утврди дали е таен содружник во фирмата сопственик на телевизијата „1ТВ“. Сопственик на „1ТВ“ е фирмата „БЈМ Медиа Груп“, во сопственост на Миле Јовановски, татко на Боки 13.

„Лицето Бојан Јовановски во изминатиот период на неговиот медиум, но и на други медиуми јавно изјавува дека е сопственик на телевизјата 1 ТВ, што е спротивно со податоците со кои располага Агенцијата за медиуми и спротивно на член 34 од Законот за Аудио и Аудиовизуелни медиумски услуги во којшто не е дозволено тајно содружништво или таен скриен сопственик“, рече директорот на АВМУ Зоран Трајчевски на денешната седница.

Според Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, радиодифузер не може да има таен содружник, односно таен содружник не може да учествува со паричен или непаричен влог во радиодифузер.
Во рок од 15 дена Бојан Јовановски ќе треба да поднесе до АВМУ писмена изјава заверена на нотар дека не е сопственик на „1ТВ“.

 

Треба да знаете
Последни објави