Search

Амброзио во лежерно летно издание

Таа редовно ја покажува својата беспрекорна кожа на социјалните мрежи.

Алесандра Амброзио ја докажа својата посветеност на чиста кожа во вторникот кога пристигна на козметички третман во салон за убавина во Лос Анџелес.

Атрактивната Бразилка (39), поранешен ангел на „Викторија сикрет“, го одбележа крајот на летото со лежерен изглед – бледо син ленен фустан без ракави – навидум едноставно но впечатливо парче облека што ја истакнува нејзината фигура.

Таа неодамна говореше за домашна нега на кожата во интервју за Вог. „Бразилската убавина за мене значи природно…тоа значи сјајна кожа,“ рече таа, откако откри дека својата секојдневна рутина ја започнува со хидратантна крема за сончање SPF20.

Треба да знаете
Последни објави