Search

Алуловска е новата директорка на Клиниката за детски болести

Скопската Клиника за детски болести доби нов директор. Наташа Алуловска која работи на одделот за неонатологија доаѓа на местото на Катерина Ставриќ, која поднесе оставка уште од пред 7 месеци, дознава Сител. Алуловска како педијатар работи на одделот за неонатологија на клиниката.

Алуловска на оваа позиција била назначена од страна на министерот за здравство, Венко Филипче. Како економски директор на Детска и понатаму останува Ридван Ибраими кој во директорската фотелја е со години.

Треба да знаете
Последни објави