Search

Алтернатива ќе се реформира

Централното собрание на политичката партија Алтернатива донесе одлука за реформирање на партијата. Состанокот на партиското тело се одржа синоќа и се дискутираше за последните парламентарни избори.

Централното собрание на Алтернатива констатира дека изборниот процес бил успешен за коалицијата АлтернАтивА & Алијанса за Албанците, иако останува констатацијата дека самиот изборен процес е далеку од посакуваното поради бројните манипулации, за кои јавноста веќе е запознаена.

Централното собрание заклучи дека повеќето партиски структури биле на својата должност, а со цел да се консолидираат структурите што покажуваат потреба од дополнувања, се задолжи претседателот на партијата да го спроведе процесот на реформирање на партијата, што подразбира освежувања од Централното претседателство и се протега до локалните партиски структури.

Овој процес ќе се одвива во следните неколку месеци, а за деталите за ова реформирање и реорганизација, во текот на оваа недела претседателот ќе организира брифинг со новинарите, за подетално да ги информира за овие моменти.

Треба да знаете
Последни објави