Search

Алијанса на Албанците: Министерството за одбрана не го почитува законот за јазиците

Одделението за одбрана и безбедност на Алијансата за Албанците остро реагира за неприменувањето на законот за јазиците и игнорирањето што се прави на албанскиот јазик од страна на институциите кои произлегуваат од Министерството за одбрана и самиот министер и неговиот заменик.

На конкурсот објавен од страна на Министерството за одбрана и Воената академија, за изготвување есеј на тема “НАТО и ЈАС” посветен на 70-годишнината од основањето на НАТО на прагот на зачленувањето на Северна Македонија како 30-та членка на организацијата, Министерството го игнорира и крши законот за албански јазик донесувајќи одлука дека оваа активност треба да биде само на македонски јазик.

Неспроведувањето на законот и игнорирањето на албанскиот јазик во овој случај потврдува дека Северна Македонија продолжува со стариот менталитет и не сака искрено да ги почитува и да им се приклучи на демократските земји каде што се пренесува еднаквост и правда за сите.

НАТО е меѓународна воена и политичка организација во која многу народи, јазици и диверзитети соработуваат и коегзистираат. Тврдејќи дека ќе бидеме дел од оваа организација, Северна Македонија точно треба да го земе примерот на НАТО и да го трансформира својот јазичен диверзитет во соработка и соживот, истовремено почитувајќи го мултиетничкиот карактер на својата армија.

Ги потсетуваме и им го цитираме законот на властите на Северна Македонија дека ги кршат законите и продолжуваат со старото, законот за јазици е многу јасен, и тоа: 3) Во институциите од член 1 став (3) од овој закон на државна власт во Република Македонија службен јазик, покрај македонскиот јазик и неговото писмо, е и јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните во РСМ и нивното писмо, и тоа во: комуникација, употреба и спроведување на сите граѓански постапки пред сите органи кои ја сочинуваат централната власт (Собранието на Република Македонија, претседателот на Република Македонија, Владата на Република Македонија, судовите, јавното обвинителство), Уставниот суд, Народниот правобранител, во изборниот процес, образованието, науката, здравството, културата , спроведување на полициски овластувања, радиодифузна дејност, нотаријат, извршители, инфраструктурни објекти, матична евиденција, лични документи, финансии, економија како и други области.

Алијансата за Албанците бара од Агенцијата за спроведување на законот за јазиците да преземе соодветни законски мерки за горенаведената институција и сите други институции кои не го спроведуваат законот повикувајќи се на член 22, според кој:

(1) Глоба во износ од 4.000 до 5.000 евра во денарска противвредност за прекршок ќе им се изрече на органите од член 1, став (3) и член 2 став (3) и сите други институции за непочитување на одредбите од овој закон.
Се надеваме ова д а биде прва интервенција и казнување на Агенцијата.

Треба да знаете
Последни објави