Search

Алијанса на Албанците: Лажните вести не ве оправдуваат, премиере!

Недостатокот на аргументи стана традиција за „fakenews“ на премиерот на земјата, Зоран Заев. Не е прв пат тој да се оправда со лажните вести кои тој самиот ги шири, а потоа ја обвинува неговата служба за информации за лошо информирање!

Во една изјава за медиуми, тој негира дека Црна Гора го ратификувала протоколот за членство во НАТО пред да биде ратификуван од сите други земји-членки на НАТО, па дури и го нарекува таквиот чин за неуставен.

Но, како што рече тој самиот, има документи кои ја докажуваат оваа практика што се случи во Црна Гора, што значи дека не постои правна пречка истото да се случи и кај нас.

Црна Гора го ратификуваше протоколот во април 2017 година, додека Германија, Холандија и Шпанија го ратификуваа во мај 2017 година.

Ова докажува дека единствената причина поради која премиерот негира дека има преседан за овој случај е можноста што тој со владејачката коалиција сакаат да ја создадат за одложување на изборите.

Алијанса за Албанците стои цврсто зад своето барање протоколот да биде ратификуван од страна на собранието во декември, така што на 12 април да можеме да одиме на предвремени избори.

Треба да знаете
Последни објави