Search

Алијанса за Албанците по објавување на видеото за „Рекет“ пак бара обвинител од ЕУ,

Алијансата за Албанците повторно побара обвинител од ЕУ откако во медиумите денеска се појави видео за случајот „Рекет”.

-Бараме под итно да се превземат сите законски мерки за да се расчисти целосно случајот и да се прошири истрагата. Истовремено бараме да се отвораат истраги за сите предмети кои што се во предистражна постапка, како што е предметот ,,Пациент” и други. Случајот ,,рекет” е доволен доказ дека сите тие случаи се пропаднати поради ,,рекет” додека видео-матерјалот кој што е објавен денес го потврдува тоа. Алијансата за Албанците уште еднаш го повторува барањето за ,,Обвинител од ЕУ” како решение за излез од ќорсокакот во кој е најден нашиот правосуден систем, велат од АА.

Треба да знаете
Последни објави