Search

Алијанса за Албанците: ДУИ со истечени ветувања, повторно се обидува да изманипулира

„Капитални проекти“ е познатиот збор на ДУИ кој се користи за време на изборните кампањи на сите нивни платформи низ години. Но, се чини дека функционерите на ова партија го заборавија значењето на капиталниот проект и тежината што истиот го сноси кога се ветува.

Со години, капиталните проекти ветени од ДУИ не се реализирани, тие се повторуваат само како ветувања во секој изборен циклус со истите оправдувања за нереализација.

Слупчанската брана е ветена како капитален проект на ДУИ скоро една деценија, додека државниот буџет од 2012 година предвидува милиони денари инвестиции што никогаш не се инвестираа. Истиот капитален проект е дел од платформата на ДУИ во 2016 година, истата година беа предвидени средства од 326.264 илјади евра за основниот проект, додека се велеше дека се извршени геолошките истражувања, анализи и дупчење на земјата во вредност од 644.309 илјада евра. Сега сме во 2020 година а ДУИ сè уште е се фали со почетната фаза за изградба на овој проект.

Потсетуваме дека, овој проект што толку години се ветува според сите законски рокови, до 2020 година требаше да биде завршен и спроведен проект. Но, од целата практика на ДУИ, лесно може да се разбере дека и овој проект се држи како друга ветувачка алатка и капитален проект за новата платформа на ДУИ. „Copy-paste “ од претходните години, без цел за реализација.

Жителите на село Слупчане, од кои половината немаат пристап до вода за пиење, а другата половина се служат со приватни бунари веќе не треба да бидат изманипулирани, давајќи им друга шанса на лагите на ДУИ.

Треба да знаете
Последни објави