Search

Алисон: Пикфорд не мораше да стартува така над Ван Дајк

Голманот на Ливерпул, Алисон го сподели своето мислење за моментот од натпреварот против Евертон (2:2), на кој голманот на „карамелите”, Џордан Пикфорд го повреди дефанзивецот Вирџил ван Дајк.

Фудбалерот на Ливерпул го скина вкрстените лигаменти на коленото и мораше на операција.

– Сите голмани играат на свој начин, секој се движи на различни начини, но во овој случај стартот на Пикфорд не беше неопходен. Се прашував што ќе направев на местото на Џордан во таква ситуација. Јас би одел до крај, затоа што ако играм помеко, противниците ќе дадат гол, но, повторно ќе кажам, секој делува на свој начин. Не се согласувам дека Пикфорд мораше да се соочи со Ван Дајк на овој начин, истакна Алисон.

Ван Дајк денес беше опериран и сега го очекуваа повеќемесечна пауза за рехабилитација.

Треба да знаете
Последни објави