Search

Алибаба очекува 15 милијарди долари од продажба на акции

Кинескиот онлајн гигант за малопродажба „Алибаба” се надева дека ќе собере до 15 милијарди американски долари во почетната јавна понуда (ИПО) во Хонг Конг.

Продажбата на акции од најголемата компанија во Азија ќе се изврши во време кога властите во Хонг Конг со месеци се соочуваат со жестоки протести, што ја влошува економијата и угледот на финансискиот центар.

Алибаба се обидува да добие меѓу 10 и 15 милијарди долари при првичното јавно понудување, наведува „Блумберг”.

Компанијата, која веќе е на списокот на технолошката берза „Насдак” во Њујорк, планираше да биде вклучена во списокот во текот на летото, но прекина поради долготрајните демонстрации во градот и кинеско-американската трговска војна.

Треба да знаете
Последни објави