Search

Алекс Болдвин го цитира конгресменот Џон Луис: Мораме да се организираме за ноември

Холивудскиот актер Алек Болдвин во неделата сподели момент на молк во врска со протестите ширум земјата предизвикани од убиството на Џорџ Флојд во Минеаполис минатиот понеделник.

„Што може да се каже? Вака е веќе долго време. Вака е целиот мој живот“, им вели 62-годишниот Болдвин на своите 2.9 милиони следачи на социјалните мрежи во видео.

„Немојте да ме држите за збор. Јас сум привилегиран белец.“

Кандидатот за „Оскар“ потоа го цитира конгресменот Џон Луис: Ние мора да се организираме. Мораме да се организираме за ноември. Тоа е тоа.“

Во саботата Болдвин го објави твитот на 80-годишниот Луис, влијателен конгресмен од Џорџија, легенда за граѓански права и добитник на Претседателскиот медал на слободата, кој моментално се бори со тешка болест.

„Знам за вашite болка, бес, чувство на очај и беспомошност. Сето тоа ми е познато. Правда нема веќе подолго време. Но ништо не се добива со дивеење, ограбување и палење – тоа не е патот. Организирајте се, демонстрирајте, станете и гласајте. Бидете конструктивни, а не деструктивни“, гласи твитот на Џон Луис кој повторно го објави актерот Болдвин.

Луис е еден од „Големата шесторка“ (Big Six) водачи на групи активисти кои го организираа протестниот марш во Вашингтон во 1963 година, кога Мартин Лутер Кинг Јуниор – човекот кој го симболизира движењето за цивилни права – го одржа својот познат историски говор „Имам еден сон“ (I have a dream).

Треба да знаете
Последни објави