Search

Тошта излегува од притворот од Шутка во куќен притвор

Тошта излегува од притворот од Шутка во куќен притвор
Александар Јаневски Тошта излегува од Шутка дознава Tелма. Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 му ја укинал мерката притвор и му определиле куќен притвор. Според извори на Телма, Обвинителството побарало да му се замeни мерката со куќен притвор за што е приложена и медицинска документација за влошената здравствена состојба и можно е уште денеска Јаневски да го напушти затворот.

Ова следува откако пред два дена на судењето за нападот на Села, на Тошта му се слоши и падна на подот во судницата и со брза помош беше однесен во Градката болница „8 Септември“. Од таму по неколкучасовните прегледи повторно со амбулантно возило беше вратен во Шутка а неговата одбрана реагираше дека нема услови во затворот за неговиот клиент кој е со влошено здравје.

На судењето обвинителот направи измени на обвинението но за Тошта остана истото кривично дело убиство во обид на Села, по што се изнервира и рече дека го гонат за убиство затоа што е основач на ВМРО. Врз основа на последната снимка обвинителот го ослободи од обвинение Сашо Сенков а за Стојан Павлески и Цејо Георгиевкси определи насилство што е полесно кривично дело.

Треба да знаете
Последни објави