Search

Александар Рар: Во Азија ќе се создаде нов безбедносен систем

„Како што регионот станува посилен, во Азија ќе се создаде нов безбедносен систем од глобална природа“, вели директорот за истражување на Германско-рускиот форум, Александар Рар на маргините на Десеттата азиска конференција, чиј домаќин е Меѓународниот дебатен клуб Валдај, во Самарканд во Узбекистан, пренесува ТАСС.

„Азија станува сè посилна поради што ќе се создаде нов светски поредок и нов безбедносен систем од глобална природа пред се во Азија“, посочи тој.

Според Рар, ова е причината зошто конференцијата организирана од Валдајскиот клуб, еден од најдоверливите експертски клубови во светот, се одржува во Самарканд.

„Валдајскиот клуб во последните неколку години беше фокусиран на дијалогот со Азија, така што не изненадува што бројот на азиски експерти што учествуваат на неговите конференции се зголемува“, истакна Рар.

Според него, добро е што на валдајските настани има тенденција да се разговара за прашања поврзани не само со Евроазија, туку и со т.н. голема Азија.

Германскиот експерт исто така го разјасни своето гледиште за иднината на Централна Азија. Според Рар, огромните ресурси во регионот ќе продолжат да ги привлекуваат водечките земји во светот. Во исто време, тој верува дека Русија и Кина ќе бидат најголемите партнери во регионот.

На конференцијата во Самарканд учествуваат дипломати и истражувачи од Русија, Узбекистан, Германија, Индија, Казахстан, Кина, Таџикистан, Филипините, Шведска и од Јапонија. Агендата на настанот опфаќа широк спектар прашања поврзани со Централна Азија, вклучувајќи ги безбедносните предизвици и регионалната соработка.

Треба да знаете
Последни објави