Search

Алегри сака да се му се врати на фудбалот по едногодишната пауза

Поранешниот трофеен тренер на италјанскиот фудбалски калчолигаш Јувентус и  на Милан, Масимилијано Алегри е подготвен да се врати на работа по едногодишна пауза, јавуваат медиумите. Тој го напушти Јуве на крајот на минатата сезона.

Според „La Gazzetta dello Sport”, фудбалскиот стручњак би сакал да престојува во Италија за да живее дома со своето семејство. Сепак, во моментот е малку веројатно дека тој ќе најде опција што му одговара во Серија А.

За Италијанецот е заинтересиран Манчестер јунајтед. Тренерот на овој клуб Оле Гунар Солскхер може да биде отпуштен од работа доколку тимот не влезе во Лигата на шампиони.

Во исто време, и францускиот шампион ПСЖ покажува интерес за 52-годишниот Италијанец кој може да го замени Томас Тухел на тренерската функција.

Треба да знаете
Последни објави