Search

Албанците во САД најавија протест пред седиштето на ОН во Њујорк

Албанците во САД најавија протест пред седиштето на Обединетите нации во Њујорк, пренесува „Танјуг“.

Протестот ќе биде одржан пред и за време на вонредната седница на Советот за безбедност посветена на ситуацијата на Косово, по формирањето на војска, објави онлајн изданието на весникот „Бота сот“.

На протестот тие ќе побараат од СБ на ОН да ја осуди Србија поради, како што велат геноцидот и 20 000 силувани жени за време на конфликтот на Косово.

Се очекува на протестот да присуствува и Влора Читаку, дипломатски претставник на Приштина во САД.

Треба да знаете
Последни објави