Search

Акција на вработените во Општина Лозово – исчистена дива депонија во село Дорфулија

 Вработени во Општина Лозово заедно со градоначалникот Ацо Велковски спроведоа акција за чистење на отпадот од куќата и дворот на 44-годишната Жаклина од село Дорфулија. Притоа собрани се 300 кубни метри отпад-најмногу пластика, што бил исфрлен на општинската депонија.

Жаклина последниве десетина години за да преживее од минималната социјална помош дополнително  морала да собира и пластични шишиња.

Градоначалникот Велковски соопшти дека од општинскиот буџет прават напори деновиве во дотраената семејна куќа да и постават канализација и водовод, како и да и набават мебел и најнеопходни електрични апарати. Тој додаде дека се планира да и биде изградена и нова куќа.

– Неколку месеци  се договарав со неа и ја убедував да ја исчистиме нејзината куќа и еве сега на 1 јули  конечно добивме согласност. Добро е што таа комуницира со мене и веќе има стекнато доверба и сака да продолжи нормално да живее, но за тоа и е потребна помош, пријателски однос и прифаќање  од останатите сожители и сите хумани луѓе, а пред сé од надлежните институции, потенцира  Велковски.

Воедно, тој апелира до надлежните институции, хуманитарни организации и сите граѓани да бидат хумани и да и помогнат на оваа 44-годишна жена. 

Треба да знаете
Последни објави