Search

Акција за генерално чистење во Ѓорче Петров

Екипите на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје вчера започнаа дводневна акција за генерално чистење на општината Ѓорче Петров. Активностите се одвиваат на потегот од мостот пред Сарај до кружниот тек на улицата Ѓорче Петров, каде што се спроведува рачно и машинско метење и рачно миење на улиците.
Како што се вели во соопштението на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, акцијата е  организирана со цел подобрување на нивото на хигиената и чистотата на јавните градски површини во оваа скопска општина.

Во нејзината реализација на терен се ангажирани 15 работници на ЈП „Комунална хигиена“, додека од механизацијата се употребуваатспецијални комунални возила – метларки, автоцистерни и ВАП.
По најавата за обилните дождови што се очекува да го зафатат скопскиот регион, ЈП „Комунална хигиена“-Скопје со вработените и со расположлива механизација ќе интервенира за расчистување и санирање на евентуалните штети во сите скопски општини, за овозможување безбедно движење на возилата и пешаците.

Треба да знаете
Последни објави