Search

Акциите на Рено пораснаа за речиси 15 отсто, по владината поддршка и новиот план

Акциите на Рено пораснаа за речиси 15 отсто во текот на денот на Париската берза, засилени со планот за поддршка на Владата за автомобилскиот сектор и откривањето на новата стратегија од страна на алијансата Рено-Нисан -Митсубиши моторс, јави дописникот на МИА од Париз.

Околу пладне една акција на Рено се разменуваше за 21,96 евра, односно пораст од 14,62 отсто, на пазарот кој имаше пораст  од 1,88 отсто.

Овој ентузијазам  за Рено се должи на „објавување на стратешкиот план и зголемени синергии со Нисан- Митсубиши моторс благодарение на „одвојувањето на задачите и многу поострата географска распределба помеѓу овие три субјекти на алијансата” , коментараа аналитачарите.

Рено, Нисан и Митсубиши Моторс во средата најавија дека сега ја насочуваат профитабилноста како приоритет и ќе и стават крај на трката за количини, во спротивност со стратегијата на соборениот поранешен шеф на групата Карлос Гон.

Новата стратегија на тој начин планира заеднички да развие и произведе речиси 50 отсто од нивните модели до 2025 година, што „треба да овозможи да се намалат трошоците и инвестициските трошоци по модел до 40 отсто за возила дизајнирани според оваа нова шема, соопшти Алијансата.

Најавата на француската Влада за огромен план за поддршка од над 8 милијарди евра за автомобилската индустрија, тешко погодена од кризата со коронавирус, исто така помогна за скокот на акциите на Рено.  Покрај тоа, речиси целиот автомобилски сектор е добро ориентиран на берзата.

Акциите на Пежо пораснаа за 7,76 отсто на 13,95 евра, Пластик Омниум за 7,73 отсто на 20,48 евра, Валео за  5,78 отсто на 22,88 евра и Фаурециа за 3,78 отсто на 38,20 евра.

Треба да знаете
Последни објави