Search

Ако се бара од градежниците, судиите, наставниците да одат на работа, можат и пратениците

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски преку својот профил на Фејсбук реагираше на најавите пратениците во Собранието да работат онлајн, со коментар дека истото е неуставно и неетички.

Од уставно-правен аспект Собранието не може да работи и одлучува преку online апликации, од едноставна причина што постои јасна уставна норма (чл.69) која налага присуство на собраниските седници, на мнозинство од вкупниот број на пратеници. (ако бил Уставот за онлајн сесии ќе пишувало учество , а не присуство.., како што прецизно е утврдено и со Деловникот чл.29
Пратеникот има право и должност да присуствува на седниците на Собранието и да учествува во работата и во одлучувањето.) Од етички аспект, би било нееднаквост доколку пратениците физички не одат на работа во Собранието, а во исто време се бара градежниците, медицинскиот персонал, продавачите, возачите, наставниците, судиите, чиновниците и приватниците физички да бидат на своите работни места за са си ја заработат својата плата!, пишува Милошоски.

https://www.facebook.com/Antonio.Miloshoski/photos/a.670461269640009/3740622409290531/?type=3&__xts__%5B0%5D=68.ARDepVqfEksZvo4Aslvfm2Oz1eKzHvKskLORJNlHRi9WqzNBm_XQWl5i55kKdhKAYqtU3Hsy1LHIYbWoh8oBzQhyUOC099axVd6xJo9c7BPeKx4T-glXz_1hJsrmx6cheIWWLuBRuhjR74OL9QnK2gzHzpKsC4ahFsqjvDvpbDT25kT5Kw4tlj3tTdjMok0za9QT4cnGm3rA_GQ_rbfkZJjVaTlAWyG8uQGEunc-06EWCM0jGfSkK4u7_WUWlj5_yN1qWk1aifDZspV4dOdlq-94g2aMh8BXo07cot_1ydtunaCoF2OMhKPEaKQCWC9-tcwn2UyByTjODkMda03NL4eeOA&__tn__=-R

Треба да знаете
Последни објави