Search

Ако Барса до полноќ не ја прати вистинската понуда за Нејмар, на потег е Реал

Францускиот фудбалски првак ПСЖ  и поставил ултиматум на Барселона до полноќ да ја испрати вистинската понуда ако сака да го врати бразилскиот интернационалец Нејмар во своите редови. По истекот на овој временски рок, ако не стигне витинска понуда, на ред за преговори доаѓа и вториот шпански гигант Реал Мадрид.

Актуелниот шпански првак Барселона ќе треба да одговори експресно доколку не сака Нејмар да заврши во редовите на лутиот ривал Реал Мадрид. Во новата понуда која ќе се состои од пари и  играчи се погласно се зборува дека како дел пакетот со играчи, Барселона може да го понуди и Усман Дембеле, кого го поскауват ПСЖ, а досега не беше ставен во можната размена за комплетирање на трансферот.

Реал е подготвен да ги почне преговорите со ПСЖ за преселба на Нејмар во Мадрид. Во оваа трка од неодамна се вклучи и италјанскиот Јувентус.

 

Треба да знаете
Последни објави