Search

Азилантите и мигрантите не го почитуваат режимот на ограничено движење

Барателите на азил и мигрантите во Германија и во Италија не ги почитуваат мерките за да помогнат да се спречи ширењето на коронавирусот Ковид-19, при што некои стануваат насилни кога властите се соочуваат со нив, пренесува „Билд“.

Градоначалниците на германските градови Шнеберг и Чорлау во регионот Саксонија ѝ се пожалија на регионалната власт дека барателите на азил во локалниот центар за азиланти не ги почитуваат мерките што се преземаат за да се запре ширењето на вирусот.

Според градоначалниците, азилантите веруваат дека мерките што ги објави германската канцеларка Ангела Меркел оваа недела не важат за нив.

Меркел најави девет мерки, вклучително и граѓаните да одржуваат безбедно растојание едни од други и намалување на контакт со оние надвор од нивното домаќинство на апсолутен минимум.

Групи луѓе што се собираат на јавни места, во станови и во приватни објекти, исто така, се забранети, а прекршителите ќе се соочат со полицијата. Мерките ќе важат до 5 април.

Во Италија, мигрант од Северна Африка нападнал човек во супермаркет во градот Новара откако бил замолен да се држи на оддалеченост од најмалку еден метар. Шеесетгодишната жртва чекала на ред да ги плати своите артикли и пред себе држела растојание од еден метар од мигрантот. Тоа, како што пренесуваат медиумите, ги разбеснило мигрантот и неговата сопруга, кои почнале да врескаат кон човекот и намерно да дишат кон него.

Кога вработените во дуќанот се вклучиле во кавгата, мигрантот станал уште побесен, нарекувајќи ги Италијанците  копилиња и расисти. Откако излегол од продавницата, мигрантот го удрил човекот.

Треба да знаете
Последни објави