Search

Азар ќе почека за деби во дресот на Реал Мадрид

Белгискиот фудбалски интернационалец Еден Азар заработи повреда на бутниот мускул за време на тренинг, поради што ќе почека на деби настап во дресот на Реал Мадрид.  Сезоната во шпанската  Примера почнува утре, а Азар нема да биде дел од тимот против Селта во Виго.

„Кралевите“ старвуваат дека Азар нема да биде во конкуренција за тимот уште неколку натпревари потоа. Азар повредата на бутниот мускул ја заработил за време на тренинг на Реал Мадрид и ќе паузира три до четири недели. „АС“ прогнозира дека Азар покрај дуелот со Селта ќе ги пропушти и мечевите со Ваљадолид и Виљареал, како и квалификацискиот репрезентативен меч за Белгија.

Се очекува да се врати на теренот дури за четвртото коло од Примера и дуелот против Леванте на „Сантијаго Бернабеу“.

Треба да знаете
Последни објави