Search

Азар задоволен од неговата игра, но не и од резултатот на мечот со Селта

Напаѓачот на шпанскиот фудбалски гигант Реал Мадрид, Еден Азар против Селта го одигра својот прв натпревар по подолга пауза поради повреда. Средбата заврши 2:2.

– Се чувствував добро. Задоволен сум од мојот настап, но не и од резултатот. Се надевам дека ќе се однесуваме подобро на следните натпревари. Остануваат уште многу натпревари, ќе се бориме до крај. Имавме шанси и заслуживме да постигнеме повеќе голови. Работиме добро, напорно и очекувам повеќе успех на следните средби.

Реал Мадрид по 24 кола е лидер во Примера со 53 бода, Барселона е втора со 52.

Селта е на 17.место со 21 бод.

Треба да знаете
Последни објави