Search

Адеми летна кон ОАЕ

Македонскиот фудбалски репрезентатативец, Аријан Адеми сепк заминува од редовите на  повеќекратниот хрватскиот првак Динамо Загреб. Адеми на општо изненадување на фудбалската јавност наместо за тим од Европа се одлучил да ја продолжи кариерата во тимот Ал Наср од Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ).

Според хрватските медиуми Адеми е веќе на пат кон ОАЕ каде треба да го потпише договор со својот нов тим Ал Наср. Според „24 сата“, Адеми ги договорил личните услови со тимот од ОАЕ, па преостанува Динамо Загреб да го прецизира обесштетувањето.

Динамо имаше понуди за капитенот Адеми од Лил, Бордо, Реал Бетис, но не ги прифаќаше, а последната која стигна од ОАЕ очигледно неможеле да ја одбијат. Покрај добрата заработка за Адеми ќе се офајди и Динамо.

Треба да знаете
Последни објави