Search

Адвокатот што извади оружје пред демонстрантите вели дека бил жртва на тероризам

Адвокатот од Сент Луис, кој стана вирале хит со својата сопруга откако вперија оружје кон демонстрантите на „Блек лајвс медр“ во нивното соседство, тврди дека тој бил жртва на социјално заплашување и на тероризам, пренесува „Њујорк пост“.

Во интервју во вторникот за Си-ен-ен, Марк Мекласки (63) повтори дека тој и неговата сопруга Патриција (61) се плашеле за своите животи кога се заканувале со огнено оружје кон демонстрантите кои низ нивната улица оделе кон домот на градоначалничката Лида Крусон за да бараат нејзина оставка.

На прашањето дали нешто се случило со неговото семејство или имот, Меклaски изјавил:

„Да, тоа се нарекува социјално заплашување, се нарекува тероризам. Која е дефиницијата за  тероризмот? Користење насилство и заплашување за да се заплаши јавноста. Тоа и се случуваше таа вечер. Тоа е она што ми се случи и тоа е штетата што ја претрпев“.

Тој ги отфрли сите тврдења дека неговите дејства го направиле поборник против движењето „Блек лајвс медр“.

„Ова е потполно смешна изјава“, рече Мекласки. „Јас бев човек исплашен за својот живот кој ја штити својата сопруга, својот дом, огништето, својот живот. Бев жртва на толпа што помина низ мојата порта. Не ме интересира каква боја на кожата имале. Не ме интересира која беше нивната мотивација. Бев исплашен, ме нападнаа и стравував дека ќе ме прегазат, ќе ме убијат, ќе ми ја запалат куќата“.

„Не одвоив време да ги видам нивните изводи од матична книга на родените или што било друго“, додаде тој. „Ја бранев својата куќа, мојот живот, сопругата и она што сум го градел 32 години“.

Нивниот адвокат, Алберт Воткинс, изјави дека двојката Мекласки се долгогодишни активисти за граѓански права.

„Адвокатскиот пар излегол со полуавтоматска пушка и пиштол кога два-тројца демонстранти – кои биле белци – насилно им се заканиле ним и на нивниот имот. Тие постапиле законски од страв чија генеза не е поврзана со расата“, рече Воткинс претходно неделава.

„Моите клиенти се целосно зад движењето против разизам и го поддржуваат. Но не прифаќаат користење на таа благородна порака што сите треба да ја слушнеме како дозвола за силување, грабеж и газење на сите наши права“.

Треба да знаете
Последни објави