Search

Адвокатот на Јанакиески: Состојбата му се влошува

Адвокатот на Миле Јанакиески, Еленко Миланов за А1он денеска по рочиштето за Траекторија изјави дека здравствената состојба на ексминистерот кој веќе цела недела ја одбива храната од затворот, се влошува.

-Здравствена состојба е еден од условите за промена на мерката притвор во поблага мерка, но сепак за тоа ќе треба да одлучи Кривичниот совет. Како одбрана ќе размислиме дали ќе доставиме таков предлог до судот. Во овој момент само тоа ни стои на располагање. -Она што неофицијално преку колегите имам сознание, а за што можевте и вие да се уверите во судницата, здравствената состојба веќе започнува да му се нарушува, а како тоа ќе тече понатаму ќе бидете известени, вели тој.

Јанакиевски вчера вечерта бил однесен од затворот во Шутка во ГОБ 8ми септември со силна бубрежна болка. По дадената медицинска помош, затворската полиција потоа го вратила назад во затворот во Шутка.

Јанскиески со денови штрајкува со глад, е во притвор поради продажбата на државно земјиште на фирми кои потоа не ги изградиле предвидените хотели.

Треба да знаете
Последни објави