Search

Агуеро ја завршува кариерата поради здравствени проблеми

Фудбалерот на Барселона, аргентинскиот интеранционалец Серхио Агуеро на 33 годишна возраст поради проблеми со срцето ќе мора предвреме да ја заврши кариерата. Одлуката е конечна и Барселона е известена за здравствената состојба на Аргентинецот кој на „Камп Ноу“ пристигна летово од редовите на англискиот шампион Манчестер сити.

За Барселона, Агуеро одигра четири натпревари на кои постигна еден гол. Но, на натпреварот кој се играше на 30. октомври на „Камп Ноу“ помеѓу Барселона и Алавес, во 41. минута му се слоши по што легна на тревата и се фати за градите. Фудбалерот веднаш беше префрлен во болница каде му беа извршени лекарски прегледи. Првичните проценки беа дека Аргентинецот три месеци ќе биде надвор од терените, но деталните лекарски прегледи и анализи покажаа дека Агуеро нема да биде во состојба да ја продолжи кариерата.

Серхио Агуеро професионалната кариера ја започна во родната Аргентина и тоа во тимот на Индепендиенте за кого играше три години (2003-2006) пред да се пресели во Атлетико Мадрид каде помина пет сезони (2006-2011). Следен клуб во кариерата му беше Манчестер сити чиј дрес го носеше десет години, се до ова лето кога потпиша за Барселона.

Со Атлетико Мадрид триумфира во Лигата на Европа и во европскиот Суперкуп, додека со Манчестер сити освои пет титули во Премиер лигата.
Ова лето со репрезентацијата на Аргентина триумфира на Копа Америка, а има и златен медал од Олимписките игри во 2008 година. Со младата репрезентација на Аргентина до 20 година освои две светски титули.

Треба да знаете
Последни објави